Холивудската актерка Гвинет Палтроу изјавила дека планира своите деца да ги воспитува како евреи, иако до неодамна зборувала дека не верува во ниту една религија. Гвинет, која има две деца, седумгодишната ќерка Епл и петгодишниот син Мозес, со сопругот Крис Мартин, и покрај досегашните изјави дека не верува во религиите, одлучила своите деца да ги воспитува во духот на еврејската религија, бидејќи дознала дека има еврејско потекло.
Нејзиниот татко, Брус Палтроу бил евреин, а и самата била воспитувана во еврејски и христијански дух. Таа изјавила дека не верува во религиите туку во дуовноста. Додала дека религијата е причина за сите проблеми во светот. И покрај тоа, експертите за генетика тврдат дека Гвинет не може да биде чиста евреинка, бидејќи нејзината мајка Блит Денер е со христијанска вероисповед.