Пејачката на групата “No Doubt”, Гвен Стефани, не е повеќе фитнес фанатик каква што била претходно, но нејзините нови фотографии во списанието „Мари Клер“ ги наведуваат читателите да се посомневаат во овие нејзини тврдења. Со своите 43 години изгледала неверојатно, а телото и било затегнато и обликувано како кај тинејџерка, иако пејачката тврди дека во последниве година дена не е така посветена на вежбањето како претходно.
Таа рекла дека оваа година престанала со вежбањето. Мислела дека на нејзиното тело му е потребна пауза. Сега повеќе била фокусирана на тоа добро да се чувствува, отколку само да се малтертира.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com