Беа поддрша еден на друг низ тешките животни периоди кои ги минуваа. Сега се среќни заедно, изјави портпаролот на пејачката за списанието Пипл и така ја потврди љубовнта врска за која се зборува веќе некое време. Гвен Стефани после разводот е во врска со музичарот Блејк Шелтон кој од неа е помлад неколку години.
За нивната врска почна да се зборува откако беа видени заедно на забава за Ноќта на вештерките. Извор близок до парот вели дека сите се среќни поради нивната врска бидејќи обајцата се драги луѓе. Исто така обајцата оваа година ставија крај на своите долги врски. Шелтон се раздели од пејачката Миранда Ламберт, а неколку седмици подоцна Гвен објави дека се разведува од сопругот Гавин Росдејл.