Додека нејзините обожаватели нестрпливо го чекаат најавениот сингл “Make Me Like You”, Гвен Стефани напорно работи на новиот албум, а како доказ објави список со песните кои ќе се најдат на него. Повеќе нема сомнение дека третиот албум на популарната пејачка е при крај. Гвен тоа го потврди на Твитер така што го објави списокот со песните кои ќе се најдат на албумот. Сепак, датумот на излегувањето сеуште не е познат.

 

Судејќи според информациите од фотографијата, албумот ќе носи наслов „This Is What The Truth Feels Like“. На него ќе се најдат 12 песни, вклучувајќи ги и сингловите „Used to Love You“ и „Make Me Like You“, кои го најавуваат изданието. „Make Me Like You“ се очекува следната седмица, а видеото за песната премиерно ќе биде покажано во паузата на овогодинешното доделување на наградите Греми.