Пејачката Гвен Стефани му се придружила на Мик Џегер на сцената за време на концертот на Ролингстоунс во Лос Анџелес. Фановите на легендарните рокери се воодушевиле кога русокосата го запеала хитот “Wild Horses”. Стоунси во петокот ја започнале својата турнеја “50 And Counting” во Стејплс центарот, а на сцената им се придружила и Гвен Стефани во маичка со знакот на бендот.
Подоцна со Џегер пеел и Кит Урбан, и тоа нумерата “Respectable”. Поранешниот член на Ролингстоунс Мик Тејлор му се придружил на бендот за време на песната “Midnight Rambler”. Во публиката биле и актерите Дејвид Хаселхов и Пирс Броснан. Свирката траела два часа, а рокерите покажале дека и покрај годините сеуште не се за старо железо.