Американската пејачка Гвен Стефани се породи во петокот и на свет донесе син. Иако се надевала дека ќе добие девојче, Гвен во јануари призна дека нејзиното четиричлено семејство ќе го зголеми уште едно машко. Таа се пошегувала дека била спремна да ја предаде круната, но се чини дека и понатаму останува кралица во домот. Гордиот татко за името на синот известил преку Твитер, каде напишал „Добредојде Аполо Боуви Флин Росдеил“, објаснувајќи дека Боуви е средното име на неговата мајка, додека Флин е средното име на мајката на Гвен Стефани.

Гвен Стефани и Гевин Росдејл се венчале во 2002 година и покрај овој имаат уште два сина, Кингстон и Зума. Мајката своевремено во интервју признала дека таа и нејзиниот сопруг сакаат уште едно дете и дека ужива во мајчинството. Пејачката која почна во бендот “No Doubt” има успешна кариера и како соло изведувач и како дизајнерка.