Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, го пофали играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем по натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите (2:1).
Бев импресиониран од Џуд Белингем пред две сезони кога имаше 17 години. Замислете како е сега на 19 години. Тој е исклучителен, одличен играч. Мислам дека сите го знаат ова, и не само затоа што ви го кажува менаџерот на Манчестер сити, го цитира Гвардиола „Метро“.
Белингем го отвори резултатот на дуелот Манчестер сити против Борусија Дортмунд. Деветнаесетгодишниот Англичанец има постигнато два гола на два натпревара од групната фаза на Лигата на шампионите.
Манчестер сити е прв во групата Г со 6 бодови, а Борусија Дортмунд е на втората позиција со три бода.
OhridNews