Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за дербито на 21. коло од англискиот шампионат со Арсенал.

Манчестер сити ќе игра против еден од најдобрите врвни клубови. Ова е најдобриот Арсенал во последните 4-5 години. Не можам а да не им честитам на ова, но не смееме да ја изгубиме концентрацијата, изјави Гвардиола за Би-би-си.

Да потсетиме дека на чело на лондонскиот клуб е Микел Артета, поранешниот помошник на Гвардиола во Манчестер сити.

Средбата е закажана за 1 јануари на стадионот „Емирати“ во Лондон.

По 20 кола од Премиер лигата, Манчестер сити е на врвот на табелата со 50 бодови. Арсенал е на четвртата позиција со 35 бодови.

OhridNews