Не се многу, но шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола претрпувал тешки порази водејќи ги Барселона, Баерн Минхен и моментално Манчестер Сити. Гвардиола кој е виновник за фудбалот кој се игра во денешно време го издвои поразот од Реал Мадрид на клупата од Баер Минхен во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони како најтежок во кариерата. „Кралевите“ со италијанскиот стручњак Карло Анчелоти го сомлеа Баерн Минхен на Алијанц Арената победувајќи го со 4-0. Со тој триумф шпанците се пласираа во финалето и подоцна го освоија трофејот совладувајќи го Атлетико Мадрид со 4-1 во продолженијата.
Мој најтежок пораз дефинитивно е од Реал Мадрид 4-0. За тој пораз само јас сум крив. Тогаш не правев работи кои ги чусвтував и затоа ја презедов кривицата. Не требаше да играме против Мадрид кој имаше многу јака и квалитетна екипа. – изјави Гвардиола.
Шпанецот во трите сезони во минхенски Баерн не успеа во целта да ја освои титулата во ЛШ, а сличен предизвик го очекува и во Манчестер Сити. „Граѓаните“ ги освојуваа сите титули во Англија, но во ЛШ стигнаа до полуфиналето.
Сити пред повеќе од една деценија беше клуб кој беше задоволен со опстанок во Премиер лигата. Но изненадувачки клубот го купија луѓе од Абу Даби и го направија еден од најдобрите во светот. Направија големи промени, а со тоа пораснаа апетитите. Единствен трофеј што им недостига е титулата од ЛШ и нормално е да го посакуваат. Јас ќе се обидам да го донесам тој трофеј, ако не оваа тогаш другата сезона. Но нема да биде крај на светот ако не успеам. – додаде Гвардиола.
Во 1/8 финалето во ЛШ, Манчестер Сити ќе се сретне со Реал Мадрид и Гвардиола ќе има шанса да им се одмазди на „кралевите“ за поразот во 2014 година.
OhridNews