Англиската пресметка помеѓу Тотенхем – Манчестер Сити е една од четирите во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. „Петлите“ на новиот стадион кој го отворија во средата со триумф над Кристал Палас ќе го пречекаат составот на Манчестер Сити, кој е еден од фаворитите за титулата.

  • Новиот стадион најмногу ќе влијае на навивачите, а не` на играчите на теренот. Навивачите со бодрењето ќе му дадат самодовербата на екипата, но не можат премногу да се сменат работите. Тотенхем ќе го игра вториот меч на новиот стадион. Знаемеш што не очекува, а прашање е како ние ќе реагираме на тоа. – изјави стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Неговите избраници викендов кој измина направија голем чекор кон втората титула сезонава обезбедувајќи пласман во финалето во англискиот ФА Куп. „Граѓаните“, првата ја освоија во Лига купот победувајќи го Челси.

Првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ се игра во 21 часот.

OhridNews