Манчестер Сити оствари голема победа во Мадрид против Реал (1-2) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампиони. Гостинската победа донесе задоволство кај шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола но не и еуфорија. Тој ја спушти топката и рече дека „кралевите“ најдобро знаат како да се кренат од пепелта и негативнот биланс да го направат позитивен.
Ако некој тим е спосебен за надминување на сите пречки во ЛШ тоа е Реал Мадрид. Не успеавме да ги неутрализираме на стартот од натпреварот, бидејќи многу добро ја контролираа ситауцијата на теренот. Не покриваа кога бевме подобри од нив на теренот, а ние успеавме да постигнеме погодоци кога тие беа подобри од нас. Такво е ова натпреварување. Треба да ги сведиш на минимум подемите и падовите и да се држи едно ниво на игра во теко на целиот натпревар. – изјави Гвардиола.
Реал Мадрид прв пат после 2009 година изгуби натпревар во ЛШ на домашен терен кога прв постигнал погодок. Милан е тимот кој славел на „Сантијаго Бернабеу“, а имал почетна негатива. За шпанскиот стручњак ова беше 28 победа во нокаут мечевите од ЛШ. Тој ги надмина Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Сер Алекс Фергусон.
OhridNews