Фудбалерите на Манчестер Сити во 35-та рунда од Премиер лигата силите ќе ги одмерат со градскиот ривал Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. На „граѓаните“ бодовите им се потребни во трката за титулата со Ливерпул, додека „црвените ѓаволи“ се` уште имаат шанси за пласман во ТОП 4.

  • Очекувам нашиот ривал да ја покажа својата најдобра страна и да одигра маестрален натпревар. Не се сомневам дека фудбалерите ќе го дадат својот максимум. Ние сме подготвени за секаква битка. Тие имаат многу добри страни, но имаат и слабости кои ќе треба да ги искористиме. Манчестер Сити напредуваше многу последниве години и можам да кажам дека сите сме возбудени од гостувањето на Олд Трафорд, но не и уплашени. – изјави Гвардиола.

Во пресрет на дербито Манчестер Сити има два бодови помалку од Ливерпул, кој пак има меч повеќе.  До крајот на Премиер лигата остануваат уште три натпревари. „Граѓаните“ на последните седум пресметки со градскиот ривал имаат пет победи.

OhridNews