Тренерот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече денеска дека би можел да остане во клубот и во следните пет години, оградувајќи се од изјавата која ја даде на бразилскиот економски форум.

 

Шпанскиот тренер во средата пред група бразилски инвеститори изјави дека ќе му биде потребен одмор кога во 2023 година ќе му истече договорот со Сити, по што би сакал да предводи јужноамериканска репрезентација.

Не размислувам да заминам по две години. Можам да заминам и после два месеци доколку резултатите не бидат добри или ако клубот не е задоволен од мојата работа. Можам да заминам за две месеци или за пет години. Во моментов немам причина да си одам, изјави Гвардиола.

OhridNews