Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не планира да ја води репрезентацијата на Бразил. Според „ТНТ Спортс Бразил“ тамошната фудбалска конфедерација (ЦБФ) немала никаков контакт со 51-годишниот Шпанец.
Се истакнува дека тренерот сака да го комплетира договорот со Манчестер сити, со важност до 2023 година.
Претходно беше објавено дека ЦБФ сака да го назначи Гвардиола за селектор на „кариоките“ по Светското првенство кое ќе се игра во Катар од 21 ноември до 18 декември.
OhridNews