Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, реагираше на зборовите на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп дека неговиот тим отпаднал од трката за титулата.

Не му верувам! Се разбира, сè уште е можно да се случат многу работи. Сигурен сум дека Јирген го чувствува истото, инаку не би бил толку страшен противник. Секако, тој верува дека Ливерпул допрва ќе се бори. Сè може да се случи во фудбалот. Тој знае дека неговиот тим треба да победи на многу натпревари, исто како и ние, за да се натпреварува за следната шампионска титула, изјави Гвардиола за „Гол“.

Манчестер сити е водечки во Премиер лигата со 60 бодови од 24 натпревари. Ливерпул е втор на табелата со 51 бод од 23 натпревари.

Сити денес ќе го одигра натпреварот од 25. коло против Норич на гостински терен (почеток 18:30 часот).

 

OhridNews