Екипата на Манчестер Сити ја освои третата титула во последниве четири сезони во англиската Премиер лига. „Граѓаните“ вкупно петтиот трофеј во англиската фудбалска елита го осигураа на три рунди до крајот на шампионатот, обезбедувајќи недостижна предност во однос на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
Ова беше сезона и титула од Премиер лигата како никоја досега. Најтешката, дефинитивно. Секогаш ќе се сеќаваме како ја освоивме и јас сум горд што сум менаџер на оваа посебна група на играчи. Тие секој ден се борат за успех, за да бидат подобри, – изјави тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Честитки на адреса од Манчестер Сити упати менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле гунар Солскјер.
Нашиот ривал имаше фантастична сезона и заслужува честитки. Ние секогаш се стремиме да бидеме помеѓу најдобрите. Овој пат ќе ни бидат потребни неколку нови играчи, кои ќе го зголемат квалитетот, – изјави Солскјер.
После повлекувањето на Сер Алекс Фергусон од позицијата менаџер на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед констатно завршува позади Манчестер Сити на табелата. Најдобар пласман на „црвените ѓаволи“ е втората позиција, на која завршија под водство Жозе Мурињо.
OhridNews
Лестер славеше на „Олд Трафорд“, Манчестер Сити официјално нов шампион во Англија (видео)