Англискиот првак Манчестер Сити во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони силите ќе ги одмери со најтрофејниот клуб во елитното натпрерување, Реал Мадрид. Предводникот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола кој најблескавите моменти од играчката и менаџерската кариерата ги имаше во Барселона не штедеше пофални зборови за ривалот во првата елиминациска фаза.
Реал Мадрид е клубот на кој му се восхитувам и кој треба да ни биде вистински пример. Тие се вистински „кралеви“ за Лигата на шампиони. Ќе играме на еден од најголемите и најубавите стадиони на светот. Ќе даде се од себе да победиме. Ако не успееме, ќе им честитаме и ќе продолжиме да работиме за да се подобриме. – изјави Гвардиола.
Според шпанскиот стручњак, искуството е на страната на Реал Мадрид, а неговите фудбалери недостатокот на искуство треба да го надополнат со голема желба за победа во двата натпревари.
Дел од фудбалерите на Реал Мадрид имаат играно четири финалиња во Лигата на Шампиони, го освојувале трофејот и играле голем број важните натпревари. Ние имаме еден таков играч, Клаудио Браво, кој поминал низ се и сешто во ЛШ. Мораме да се бориме, силно да ја посакуваме победата. Имаме 180 минути да докажеме дека можеме. – рече Гвардиола.
Првиот натпревар од осминафиналниот двобој се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид во среда, со почеток во 21 часот.
OhridNews