Тимот на Лион е еден од ретките кој може да се пофали со позитивен скор против екипи кои од клупата ги предводи Пеп Гвардиола. Французите во првиот меч од групата победија на „Етихад“ со 2-1, а синоќа на „Групама“ стадионот ремизираа 2-2 со Манчестер Сити. Англискиот премиерлигаш два пати се враќаше од негатива и не можеше да го наметне стилот на игра кој го негува Гвардиола.
- Луѓето што кажуваат дека француската лига има еден клуб лажат. Лион одигра два неверојатни натпревари против нас. Можам да кажам дека клубот го вбројувам во еден од потешките противници со кои имам се сретнато во европските натпревари. Физички се многу моќни, а нивната контра и полуконтра е убоита. Сите француски клубови се физички надмоќни во однос на другите и на тој начин станаа светски шампиони. Јас им честитам на моите момци за ремито и пласманот во нокаут фазата. – изјави Гвардиола.
Со ремито во Франција, Манчестер Сити обезбеди пласман во елиминациската фаза. Лион на гостувањето кај Шахјтор во последната шеста рунда ќе треба да остане непоразен и ќе му се приклучи на англискиот клуб во нокаут мечевите.
OhridNews