Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред вечерашниот натпревар со Реал, рече дека шпанскиот клуб е специјалист за освојување на Лигата на шампионите.
Нашата цел е да настапиме доследно, да бидеме што поблиску до освојување на трофејот и на крајот да успееме. Сепак, ако се подготвувате само за Лигата на шампионите, може да претрпите пораз во неа и да останете без ништо, бидејќи овој турнир речиси секогаш го освојува Реал Мадрид. Би сакал да одиграме два исти натпревари како и во последното полуфинале. Но, мислам дека тоа не е можно. Во Манчестер имавме извонреден натпревар, во реваншот исто така бевме многу добри, но тоа не беше доволно. И сега повторно ќе се обидеме да ја постигнеме нашата цел, изјави Гвардиола.
Натпреварот ќе се игра во Мадрид вечер со почеток во 21 часот.
OhridNews