Составот на Манчестер Сити го осигура првото засилување за следната сезона. Нов член на „граѓаните“ е фудбалерот на Валенсија Феран Торес, пренесува „Еуроспорт“.
20-годишниот шпански интернационалец на „Етихад“ ќе се пресели благодарание на менаџерот Пеп Гвардиола, кој лично се заложил во преговорите помеѓу двата клубови. Торес кој потекнува од школата на Валенсија настапува на крилната позиција.
Интерес за младиот шпански репрезентативец Манчестер Јунајтед, но „граѓаните“ биле конкретни и побрзи во преговорите со Валенсија.
Манчестер Сити се фрли на работа на трансфер пазарот после одлуката од Спортскиот суд во Лозана да ја поништи одлуката на УЕФА за двегодишна забрана за учество во европските натпреварувања. Англискиот вицепрвак посакува уште неколку засилувања, а како прво на листата се издвојува дефанзивецот на Наполи, Калид Кулибали.
OhridNews