Поранешниот фудбалер на Бреша, а сега тренер на Барселона, Жозеп Гвардиола ја посети базата каде тренираат фудбалерите на Бреша и оствари средба со директорот на клубот Луиџи Корони.
Гвардиола во сезоната 2003/04 забележа 14 настапи постигнувајќи еден погодок, а имаше можност да игра рамо до рамо со “малиот буда“ Роберто Баџо и Лука Тони.
– Ако ја напуштам Барселона и решам да дојдам во Италија има само една опција тоа е клупата на Бреша – вели популарниот Пеп Гвардиола.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com