Манчестер Сити го совлада Ливерпул (2-1) во мечот на сезоната во Премиер лигата. „Граѓаните“ со триумфот во дербито им го нанесоа првиот пораз на „црвените“ сезонава и комплетно ја вратија неизвезноста во борбата за врвот во најсилната лига во Англија.
Очекувано, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп имаа различни впечатоци за дербито. Шпанецот на клупата од Манчестер Сити ги пофали фудбалерите, додека Германецот се жалеше за критериумот на главниот судија Ентони Тејлор.
- Горд сум на моите играчи, но не само денес. Изгубивме два натпревари во четири денови, но никако не можам да заборавам што направија тие во претходните 16 месеци. Знаевме дека дербито со Ливерпул за нас е да се биде или не. Играчите одиграа маестрален натпревар, одговорија на предизвикот и притисокот кој беше голем пред дербито. Тие се уште се лидери, но сега имаат четири бодови предност, а ние ја вративме неизвезноста, бидејќи ако изгубевме речиси се ќе беше готово. – изјави Пеп Гвардиола.
- Го обожавам Винсент Компани, но како неговиот старт не е за црвен картон ? Беше последен човек и тргна со лизгачки старт да го запре Салах. Да го удреше сигурно нашиот фудбалер ќе беше во аут до крајот на сезоната. Потребна е крв ? – праша Клоп после дербито.
Во Премиер лигата има една недела пауза. Ливерпул во 22-та рунда гостува кај тимот на Брајтон, додека Манчестер Сити го пречекува Вулверхемптон.
OhridNews
Спектакл на Етихад: Ливерпул падна во Манчестер, „граѓаните“ ја вратија неизвесноста во ПЛ (видео)