Шпанецот Пеп Гвардиола смета дека рецептот за успешната и трофејната тренерка кариера се квалитетни фудбалери и големите клубови во кои работел. Гвардиола тренерската кариера ја почна во Б тимот на Барселона. Потоа се пресели во првата екипа на Барселона со која освои шест титули во една сезона. Следна дестинација беше Баерн Минхен, а моментално се наоѓа во Манчестер Сити.
Јас најдобар тренер на светот? Не, никогаш не сум се чувствувал така. И кога освоив шест титули со Барселона не помислував на тоа. Успесите ги остварував поради квалитетните играчи во големите клубови каде што работев. Постојат многу добри тренери кои немаат таква прилика каква што имав и имам се уште јас. Јас сум добар тренер, но не и најдобар. Ако ми дадете некој послаб клуб незнам дали ќе освојам титула во некое натпреварување. – изјави Гвардиола.
Гвардиола има вкупно осум титули од националните првенства. По три трофеи има во Шпанија и Германија, а две титули во Англија. Во текот на кариерата два пати ја освојувал титулата во ЛШ.
OhridNews