Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори на прашањето кои селекции ги смета за фаворити за Европското првенство во Германија кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.

Германија и Шпанија. Англија? Се поблиску до конечна победа. Време е тие да го направат тој чекор. Имаат многу добра генерација во средниот ред и нападот. Живеам во Велика Британија, па ме интересира како ќе се претстави овој тим, изјави Гвардиола пред новинарот Виктор Наваро.

OhridNews