Фудбалерите на Манчестер Сити, експресно се вратија на победничките патеки во Премиер лигата совладувајќи го Барнли со 4-1 на „Тур Мурф“ стадионот. „Граѓаните“, ја намалија бодовната разлика на осум поени, но „црвените“ кои играат доминанто оваа сезона вечерва во дерби пресметката со Евертон имаат шанса да ја вратат двоцифрената предност на табелата.

Луди би било ако ние размислуваме за титулата во Премиер лигата. Искрено ви зборувам. Мора да размислуваме на секој следен натпревар и на ништо друго. Разликата е голема и не зависи само од нас. Но затоа има и други натпреварувања во кои сме во игра, и од нас зависи што ќе се случува. – изјави шпанскиот стратег Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити викендов во Премиер лигата го очекува дерби пресметката со Манчестер Јунајтед на „Етихад“ стадионот.

OhridNews