Одлуката на Спортскиот суд во Лозана да му ја симне суспензијата на Манчестер Сити од УЕФА предвизвика лавина реакции во светскиот фудбал. Најгласни и најдиреткни беа Жозе Мурињо и Јирген Клоп, кои одлуката на Спортскиот суд ја окараректизираа како срамна и понижувачка за фудбалот.

Многу сум задоволен од одлуката која покажува дека се што се говореше за клубот не е вистина и остварениот учинок на теренот можеме да го браниме со чиста совест. Реков и претходно дека ако направевме нешто погрешно веднаш ќе ја прифатевме одлуката на УЕФА, без да се жалиме до Спортскиот суд. Барам извинување од колегите кои ме нападнаа мене и екипата. Мислам дека не беа фер. – изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Суспензијата и казната за недозволени трансфери од УЕФА за Манчестер Сити беше двегодишна забрана за учество во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа и 30 милиони евра.

Солскјер отпиша шест фудбалери

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер отпиша шест фудбалери кои во летниот преоден рок ќе можат да си најдат нови клубови. Се работи за Алексис Санчез, Крис Смолинг, Маркос Рохо, Фил Џонс, Џеси Лингард и Диого Далот. Санчез, Смолинг и Рохо играат на позајмица и речиси сигурно ќе останат таму каде што се (Интер, Рома и Естудијантес) додека триото Џонс, Лингард, Далот се уште има шанса да се бори за место во првиот состав на „црвените ѓаволи“. Финансиските средства од шесте фудбалери, Манчестер Јунајтед ќе ги искористи за доведување на Жадон Санчо од Борусија Дортмунд кој е голема желба на Солскјер.

OhridNews