Екипата на Манчестер Сити со еден бод предност во однос на конкурентот за титулата Ливерпул ќе ги одигра двете финални пресметки во Премиер лигата. Избраниците на Пеп Гвардиола на врвот се вратија после минималниот триумф над Барнли (1-0). Стрелец на голот беше Кун Агуеро кој го надмина Тиери Анри во вкупниот број на голови во англискиот фудбал.
- Не е лесно да се игра под притисок, сигурно и во тимот на Ливерпул е исто така. Реакцијата на мојот тим после елиминацијата од Лигата на Шампиони е маестрална. Покажаа дека се вистински професионалци и дека се ментално подготвени да се борат без разлика на се што се случува. Имаме 92 бодови и се уште не сме прваци, има уште два натпревари и се` е во наши раце. Кун Агуеро е вистинска легенда. Тој е лисец на теренот. Секогаш е на вистинското место, секогаш постигнува погодоци во правилен момент. – изјави Гвардиола.
Во последните две рунди Манчестер Сити на домашен терен го пречекува Лестер а гостува кај Брајтон, додека Ливерпул гостува во Њукасл а на Енфилд ќе ги одмери силите со Вулверхемптон.
OhridNews
„Граѓаните“ се вратија на врвот, Де Геа трагичар во дербито на Олд Трафод (видео)