Гувернерката на државата Вашингтон, Крис Грегори, вели дека одлуката на обезбедувањето на еден ноќен клуб за да не ја пушти внатре, ја сватила како комплимент, бидејќи од неа се барало доказ дека е полнолетна.

Гувернерката има 61 година. Таа и нејзиниот персонал, минатиот викенд отишле да се забавуваат во ноќен клуб, кога обезбедувањето ги сопрело и им побарало документи.

Крис Грегори навела дека и било речено дека не ќе може да влезе ако нема документ за идентификација со кој ќе докаже дека е полнолетна.

Од нејзиното обезбедување рекле: „Таа е гувернерка на Вашингтон“, но и тоа не помогнало.

На телевизијата од Сиетл, KING-TV, изјавила дека се чувствува како да добила комплимент, бидејќи од обезбедувањето на клубот помислиле дека е помлада од 21 година.

Сопственикот на ноќниот клуб изјавил дека 23 годишниот хонорарец по се изгледа е неискусен.