Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш бара начини да ги запре борбите во Украина што е можно побргу.
Гутереш го изјави ова за време на денешната посета во Москва, јавија локални медиуми.
Навистина сме заинтересирани да најдеме начини, да создадеме услови за ефективен дијалог, да создадеме услови за прекин на огнот што е можно поскоро, да создадеме услови за мирно решение, истакна Гутереш на почетокот од разговорот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
OhridNews