Не дека немало, но маглата во Охрид навистина е реткост. Но, не и деновиве. Густа магла го прекри градот. Видливоста на моменти е едвај десетина метри што сериозно го загрозува безбедното одвивање на сообраќајот. Ваква магла не паметиме 20 години велат постарите охриѓани, иста е како скопската додаваат на шега. Покрај другите опасности густата магла им создава и големи проблеми на срцевите и хроничните болни, попради што лекарите препорачуваат тие без потреба да не излегуваат надвор по вакво време.
густа магла над Охрид
фото Васко Бујароски