Дива гуска во лет ја погодил метеорит од четири килограми и ја соборил врз автомобилот на семејството Манион во понеделникот во англискиот град Дерби.

Поштарот Адриен Манион го пиел утринското кафе во својот дом заедно со сопругата Фиона, кога слушнал удар пред куќата.Секунда подоцна слушнале уште еден удар. Првиот удар бил предизвикан од метеорит тежок четири килограми. Другиот удар бил од падот на несреќната гуска врз нивниот автомобил.

„Слушнавме два силни удари и истрчавме надвор да видиме што се случува. Имавме и што да видиме. Крај автомобилот се наоѓаше голем камен со чуден облик, а врз колата зашеметената гуска“ изјавил Адриен.„Но тоа не било крај на страдањата на несреќната птица.Пред да успеат да ја спасат гуската, само што ја симнале од колата, дотрчала лисица и ја одвлекла во грмушките.

„Тоа е веројатно најнесреќната птица на светот. Преживеа удар од метеорит, за да и стане оброк на лисица“ го прераскажува Фиона случајот.

ohridnews