Еден тропски гуштер, кој на мистериозен начин се нашол во пакет со јаболка, преживеал една седмица во ладилник. Гуштерот го открила Венди Њубери од Девон, Англија, вадејќи јаболка од својот ладилник. Животното изгледало како да е мртво, но по некое време почнало да мрда.


Бидејќи потекнува од Азија, гуштерот морал да премине илјадници километри за да стигне во Англија. Во супермаркетот каде биле купени јаболката се зачудиле за овој случај. Тие тврдат дека сите производи внимателно се прегледуваат пред да се изложат на купувачите. За инцидентот ќе одговара добавувачот, против кого е покрената истрага.