Стрип јунакот Спајдермен добил опасна конкуренција во гуштер кој не само што визуелно потсеќа на овој суперхерој, туку има и еднакво необични способности. Гуштерот, кој е наречен агама, како да го соблекол оделото на Питер Паркер и самиот се облекол во Спајдермен, бидејќи кожата му е во две нијанси и тоа сина и црвена.

Бидејќи се храни со црви, глисти и други покрупни инсекти може да нарасне и до 21 сантиметар. Оваа живописна врста гуштери за прв пат била фотографирана во 2009 година, а може да се најде на територијата на Танзанија, Руанда и Кенија.