Тој во последната полусезона беше отстранет од тимот поради недолично однесување, откако го фрли на земја клупскиот дрес. Поради неиграњето за Војводина беше изоставен од националниот состав за мечот со Камерун.
Ѓуровски ќе ја зголеми македонската колонија во Украина. Таму моментално се уште и Горан Попов во Динамо Киев, Мартин Богатинов во Карпати и Бесарт Ибраими во Севастопол.