Во втората рунда од квалификациите за Европското во Франција, македонската репрезентација ја забележа првата победа. На „Филип Втори“ со погодок во судиското продолжени беше совладана селекцијата на Луксембург.

– Победата му ја посветуваме на нашиот пријател Петар Милошевски и на играчите кои беа во моите планови, но поради повреди отпаднаа за овој натпревар – рече селекторот Бошко Ѓуровски веднаш по завршување на мечот.

Иако имаа негатива од 2-1 на полувремето „рисовите“ не се предадоа од целта пред почетокот на натпреварот.

– Репрезентативците покажаа карактер и издржливост. Беше тешко за сите, но, тогаш се покажува колку си подготвен да дадеш максимум на теренот. А моите момци беа фантастични – додаде селекторот.

Офанзивната формација во последниот половина час од мечот донесе три бодови, први на табелата во групата Ц.

– Се коцкавме со формацијата која од 4-4-2 дојде 4-2-4, но, на крајот се исплатеше. Кога ќе победиш вака се` се заборава и се прославува победата која ни донесе три бодови и голема самодоверба – заврши селекторот.

Мх.П.