Фудбалската репрезентација на Македонија во дебито на селектор Бошко Ѓуровски ја совлада Летонија со 2-1 во контролниот натпревар на „Филип Втори“, но одигра две различни полувремиња.

– Морам да бидам задоволен од првиот дел кога одигравме доста агресивно и офанзивно. Во второто полувреме не делувавме како во во првото туку бевме декоцентрирани. Грешките ќе мора потполно да ги остраниме, но има и доста време пред нас – рече Ѓуровски.

Покрај забелешките селекторот  Ѓуровски, кој дебитираше со победа на македонската клупа е задоволен од успешниот настап против Летонија.

– Од резултатот секако дека сум задоволен а и среќен. Репрезентативците покажаа победнички дух и покажа дека сакаат да го носат националниот дрес на нашата земја – заврши Ѓуровски.

Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.