Повлекувањето од А селекцијата на долгогодишниот капитен Горан Пандев и Николче Новески беше една од фудбалски теми, која ги засени сите резултати на селекцијата во 2014 година.
По донесувањето на одлуката за повлекување на двајцата репрезентативци тогаш назначениот селектор Бошко Ѓуровски проба да ги премисли, но без успешно.
– Причината не ја разбирам по која реши Горан Пандев да стави точка на репрезентативната кариера. Требаше да се видиме лично со Пандев и да разговараме, но не се случи тоа. Имав долг разговор со Николче Новески, кој ми рече поради големи напори неможе да го издржи темпото да игра во клубот и во репрезентацијата – рече селекторот за „Споредмедиа“.
Тој ја резимираше 2014 година во која македонската фудбалска репрезентација започна нов квалификациски циклус. „Црвено жолтите“ победија само еднаш против Луксембург 3-2, а претрпеа три порази (Шпанија 5-1, Украина 1-0 и Словачка 2-0).
– Задоволен сум трите бодови, но ќе бев пресреќен ако успеевме да освоиме уште еден. На дуелите со Словачка и Украина се преставивме одлично и мислам дека заслуживме по еден бод. Атакуваме на четвртата позиција која ќе биде голем успех за нас, а исто така од сенка ќе бидеме во игра и за третата позиција која би не однесла во бараж – додаде Ѓуровски.
Тој е во потрага по дефанзивец на левата бековска позиција, која е најранлива според селекторот „рисовите“.
Ohridnews