Македонската фудбалска селекција ремизираше без голови 0-0 со репрезентацијата на Австралија во пријателскиот натпревар кој го одиграа на „Филип Втори“.
За разлика од мечот со Белорусија фудбалерите на Македонија покажаа нешто подобра игра во одбраната што им донесе реми.
– Со организираната игра момците покажаа дека мечот со Белорусија беше само лош ден. Иако ние сакавме да играме понапаѓачки, сепак селекцијата на Австралија е квалитетна и не дозволи да се отвориме. – рече селекторот Бошко Ѓуровски.
Селекторот на прашањата за неговата иднина одговори – Јас ја работам мојата работа, а други оценуваат. Немам никаков притисок врз себе и правам се да креирам една селекција за респект во иднина.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.