Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски ги повика навивачите и репрезентативци да се обединат затоа што тоа е предуслов за успеси на репрезентативниот фудбал.

– Посакувам навивачите и доколку се греши, доколку не се прикажува соодветна игра, и тогаш да и дадат поддршка на селекцијата. Потребно е да се направи една колизија меѓу играчите и навивачите затоа што тоа е и еден од предусловите за успеси – рече Ѓуровски пренесува „Екипа.мк“.

Селекторот Ѓуровски верува во репрезентативци кои ги повика за мечот со Летонија, кој за него ќе преставува деби на клупата.

– Задоволен сум од стартот на овој собир. Ќе повторам дека силно верувам во овие момци кои поседуваат сериозен квалитет за позитивни резултати во иднина. Наше задоволство е што Тричковски и Ибраими доаѓаат со погодоци од своите клубови во репрезентацијата. Тие треба да бидат идните лидери на оваа репрезентација која пред се ќе промовира колектив, единство и силна желба за успешни резултати. Македонија е можеби мала земја, но многу добро знам дека фудбалски има огромно срце. Тоа треба да го покажеме на терен, да играме храбро, со почит кон секој противник но без преценување. Мора да го оставиме срцето на терен за да стигнеме до посакуваните резултати – додаде Ѓуровски.

Мх.П.