Фудбалската федерација на Македонија со назначување на Бошко Ѓуровски за селектор на репрезентација стави точка на агонијата, која траеше неколку месеци околу новиот предводник на „црвено жолтите“.
Иако без богато тренерско искуство, Ѓуровски можеби беше најидеално решение моментално. На селекцијата и треба фудбалско име, по многуте удари кои ги претре изманатиов период.
„Рисовите“ завршија на последното место во квалификации што преставуваше најголем резултатски удар, „испарувањето“ на Чедомир Јаневски од клупата, караниците со одредени фудбалери и заминувањето на Горан Пандев од репрезентацијата.
Ова сево треба Ѓуровски да го искристализира и од сите овие работи да излезе како победник и да ја врати довербата кај македонската фаланга, која на рака на срце одамна е изгубена.
Тоа не е мала работа, но, и тоа една од работите на еден селектор, кој целата македонска нација го посакуваше. Селекторе Ѓуровски вие сте на ред…
Михаил Постоловски