Фудбалерите на Нагоја кои ги водат Драган Стојковиќ – Пикси и Бошко Ѓуровски, ја освоија првата титула прваци на Јапонија. Нагоја дојде до титулата после победата на Шонан Балмером со 1:0, додека најголемиот ривал Кашима одигра натпревар без голови.



– За прв пат сме шампиони, за мене ова е мошне емотивен и посебен момент – рече Пикси кој како играч со Нагоја стигна само до вицешампионската позиција.

Нагоја до титулата стигна по 22 победи, три ремија и седум порази и има
недостижни 66 поени, десет повеќе од досегашниот шампион Кашима и Гамба од Осака.

М.П