Селекцијата на Луксембург е вториот противник на македонската фудбалска селекција во квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година.

Се освен триумф би било неуспех за „рисовите“, а селекторот Бошко Ѓуровски го знае рецептот за победа против Луксембург.

– Доколку сакаме да освоиме три бода, ние ќе мора да имаме 60 отсто посед на топка, треба да направиме седум до десет корнери, бочните играчи да имаат 10-15 центаршутеви. Ако против Шпанија имавме девет удар кон голот, против Луксембург сакам да имаме 12 до 15 удари кон голот на противникот. Сакам да играме офанзивно, но да бидеме внимателни при нивните контранапади – потенцираше селекторот.

Ѓуровски најави дека од првата минута ќе почне фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми и оти нема многу дилеми околу составот, кој в четврток во 20:45 на Филип Втори ќе истрчаат против Луксембург.

Мх.П.