Селекторот на македонската А репрезентација Бошко Ѓуровски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2016, против Шпанија што ќе се одигра на 8 септември во Валенсија. Тој притоа во своето обраќање објасни дека на списокот се најподготвените играчи кои треба да се обидат да направат добар резултат.
Селекторот Ѓуровски за натпреварот со Шпанија ги повика следниве играчи:
Голмани
1 Томе Пачовски – ФК Мехелен
2 Мартин Богатинов – ФК Ермис
3 Кристијан Наумовски – ФК Левски Софија
Одбрана
4 Ванче Шиков – ФК Австрија Виена
5 Даниел Мојсов – ФК Бран Берген
6 Александар Дамчевски – ФК НАЦ Бреда
7 Ардиан Цуцули – ФК Партизани Тирана
8 Езџан Алиоски – ФК Шафхаузен
9 Дарко Глишиќ – ФК Вардар
10 Стефан Ристовски – ФК Парма
11 Кире Ристевски – ФК Славија Софија
12 Александар Тодоровски – ФК Штурм Грац
Среден ред
13 Аријан Адеми – ФК Динамо Загреб
14 Стефан Спировски – ФК Берое Ст. Загора
15 Мухамед Демири – ФК Сент Гален
16 Марјан Радески – ФК Металург
17 Ферхан Хасани – ФК Брондби
18 Александар Трајковски – ФК Зулте Варегем
Напад
19 Агим Ибраими – ФК Марибор
20 Адис Јаховиќ – ФК Ријека
21 Јован Костовски – ФК Хеверле Леувен
22 Крсте Велкоски – ФК Сараево
23 Бесарт Абдурахими – ФК Локерен
На пресот присутен беше и новоназначениот технички менаџер на А репрезентацијата на Македонија, Илија Најдовски, кој ќе биде одговорен за координација помеѓу репрезентативците, селекторот и Управниот Одбор, договарање на пријателски натпревари, како и за координација со клубовите од каде доаѓаат репрезентативците. Тој појасни дека меѓу другото негова задача ќе биде и работа со играчите за подигнување на самодовербата и задржување на мотивот на исто ниво во сите натпревари, без разлика на името и рејтингот на противникот.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 2 септември во близина на Валенсија, а Фудбалската Федерација на Македонија дополнително ќе го објави распоредот на тренинзи и евентуалниот контролен натпревар. Натпреварот Шпанија-Македонија ќе се одигра на 8 септември во Валенсија, со почеток во 20:45 часот.