Македонската фудбалска репрезентација на 5 март во Скопје ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Летонија.
Контролниот натпревар против 116-та селекција на ранг листата од ФИФА ќе биде официјално деби на новиот селектор Бошко Ѓуровски.
– Натпреварот против Летонија ќе биде посебен, дебитирам на селекторската функција и чувството веќе е позитивно. Се надевам дека луѓето ќе дојдат на Националната арена и ќе ни ја дадат поддршката. До мартовската пресметка со Летонија има доволно време, деталите околу изборот на фудбалери ќе ги соопштиме во наредниот период. Мислам дека ќе биде добар натпревар, Летонија e квалитетна селекција, нивното место на ранг листата на ФИФА, сметам дека не соодветствува со нивниот вистинскиот потенцијал. Ова ќе биде добра проверка, одлична можност да се соочам со квалитетот и потенцијалот на фудбалерите кои ќе добијат шанса во селекцијата – рече за ФФМ, селекторот.
Покрај убедувањата за враќање во националниот состав прв пат по подолго време „рисовите“ ќе бидат без услугите на Горан Пандев.
Мх.П.