Guns N’ Roses во петокот настапиле на приватен концерт за Александер Чистјаков, еден од главните луѓе од компанијата „Федерал Грид Компани“. Александер за настапот на популарната група во студиото на руската филмска компанија Мосфилм им платил милион долари.


Аксел Роуз, фронтменот на групата, на локацијата пристигнал околу два часот наутро, а стражата била известена само 40 минути пред неговото доаѓање за да му направи место. Посетителите на концертот платиле по 1000 долари влезница.