Израелска студија ја истражувала поврзаноста на редовното конзумирање гуми за жвакање и главоболката, со што дошла до заклучок дека тие навистина можат да бидат причина за зачестени главоболки. Студијата која траела еден месец, спроведена е на 30 испитаници, стари од 6 до 19 години, кои патат од хронични главоболки, а секојдневно жвакаат гуми за жвакање. Студијата покажала дека за еден месец без жвакање, 87 проценти од испитаниците немале главоболки, или симптомите речиси исчезнале.
За да бидат сигурни дека причината се гумите за жвакање, 26 испитаници по завршувањето на студјјата се согласиле 14 дена повторно редовно да конзумираат гуми за жвакање. Симптомите на главоболка се вратиле во рок од неколку дена од нивното повторно користење. Научниците тврдат дека со жвакањето гуми за жвакање, посебно ако навиката е зачестена како кај младите, лицето го зглемува стресот на кската на вилицата поради што поединци болуваат од мигрена.