Неколку стотини граѓани денеска протестираа против, како што беше истакнато, неодговорниот однос на градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, кој во време на криза предизвикана од неповолната хидролошка состојба отпатува во посета на Австралија.


Гуми за плавиње за градоначалникот Петрески

На протестот што го организираше Здружение на загрижени граѓани, беше изразена загриженост за состојбата со високиот водостој на Охридското Езеро и беа упатени критики за односот на Петрески во справувањето со несаканата криза.


Организаторите на протестот на кој можеа да се забележат и јавни личности, советници и политичари, се оградија од било каква партиска припадност и тврдеа дека истиот претставува  спонтана реакција на граѓаните на Охрид.



Неколку стотини охриѓани протетсираа против грдаоначалникот

OhridNews