Најдолгата гумена бомбона на светот е долга 33 сантиметри, тешка 1,35 килограми, има пречник од 13 сантиметри и содржи околу 4000 калории. Тоа не е уникатен примерок изработен за Гинисовата книга на рекорди, туку се продава преку интернет за цена од 30 евра. Бомбоната била осмислена од претпријатието Ват19, кое се занимава со продажба на подароци, а четири од петте вкусови веќе биле продадени.


Биле направени идентични бомбони со вкус на цреша, ананас, боровница, портокал и јаболко. Бидејќи бомбоната е преголема да се изеде наеднаш, производителот гарантира рок на траење од најмалку една година.