Ѓумбирот има специфичен вкус кој не им одговара на сите, но во многу култури е познат како лек за многу тегоби и симптоми.

Го зајакнува помнењето
Неодамнешна студија на Тајланд проучувала жени на возраст од 50 до 60 години кои редовно користеле ѓумбир. После половина година им се подобриле когнитивните функции и помнењето. Научниците заклучуваат дека поради тоа ѓумбирот може да биде добар за превенција на Алцхајмерова болест. Има се повеќе докази дека ѓумбирот има неурозаштитна функција, па се советува дневно да јадете околу 100 грама изрендан ѓумбир во разновидни јадења.

Природен лек против болка
Благодарение на противвоспалителните својства, ѓумбирот може да помогне кај болките во зглобовите и мускулите бидејќи делува како аналгетик. Некои нови студии дури тврдат дека може да ги ублажи симптомите на артритис.
Докторката Пем Стоун истакнува дека во овој случај треба поголема количина на ѓумбир од сто грама. Ако чувствувате нејасна болка,тогаш ќе ви помогне шолја чај од ѓумбир.

Алергии
Ѓумбирот е добар и за борбата против класичните знаци на алергија како течење на нос, солзави очи и кашлица. Ако си направите пијалок од топла вода, лимон, мед и ѓумбир, ќе ги ублажите симптомите бидејќи ѓумбирот ја стимулира слузницата.

Смирува
Ѓумбирот има многу смирувачко дејство на сите органи, посебно на системот за варење. Оние кои патат од синдромот на иритабилни црева со симптоми на надуеност и гасови, можат да се напијат ѓумбир сварен во врела вода. Таквиот пијалок е најдобро да се испие наутро на празен желудник бидејќи ќе ја подобри работата на цревата.

За витка линија
Некои студии го сврстуваат ѓумбирот во намирници кои помагаат во регулација на нивото на шеќерот во крвта па со тоа и борбата со вишок на килограми. Исто така е добар за спречување на дијабетес кај луѓето кои имаат предиспозиции за заболување од таа болест. Освен тоа, спречува дебелеење во пределот на струкот и стомакот, а познато е дека дебелината во тој дел на телото е поврзана со притисок на срцето.

 

извор:tportal.hr