Гумата за џвакање која Сер Алекс Фергусон ја користел на последниот меч на клупата од Манчестер Јунајтед на аукција е продадена за неверојатни 455 000 евра.

 

Последен меч за легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“ беше дуелот со Вест Бромвич Албион на гостински терен на 19 мај 2013 година кој заврши без победник 5-5.

Интересен е фактот што симпатизерот кој чувал гумата за џвакање и ја продаде парите ги донираше во фондацијата на Манчестер Јунајтед, а клубот ќе ги распредели каде што е потребно.

 

Фергусон или „стариот лисец“ како што го нарекуваа, Манчестер Јунајтед го предовеше 27 сезони. Успеа да освои 38 трофеи, а клубот го направи спортски бренд од светски размери,

OhridNews